Истрагата за акцијата од Тоде Мендол во завршна фаза

Сподели со своите пријатели

Како што јавува телевизијата 24 Вести, Јавното обвинителство наскоро ќе излезе со официјална верзија за сите настаните поврзани со акцијата во населбата Тоде Мендол каде на 9 и 10 мај, осум припадници на МВР ги загубија своите животи во одбрана на безбедносната состојба во државата.

Loading...

Од Јавното обвинителство за телевизијата велат дека предметот е во завршна фаза, доказите се средуваат и истите ќе бидат дадени на увид на одбраната.

Поднесувањето на обвинение ќе следува откако одбраната ќе го заврши целокупниот увид во доказниот материјал.

Припадниците на безбедносните сили во акцијата ликвидираа десет припадници на терористичката група, меѓу кои и водачите Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, а над 30 лица беа уапсени.

Телевизијата повикувајќи се на добро упатени лица во случајот пренесува дека клучот за вистината за настанот кој на 9-ти мај ги вознемири кумановци, го имаат двајца водачи на терористичката група Дем Шеху и Сами Ушкини, а истите веќе пет месеци се во притвор откако се предадоа на полицијата.

Тие се единствените кои во моментот ги имаат точните одговори на прашањата за мотивот и целите, финансирањето и логистиката на групата.

Целокупниот настан се случи по напад на караулата Гошинце, а освен со кобниот биланс од неколку загинати лица и неколку целосно уништени цивилни објекти, настаните ги примораа Јанкуловска и Мијалков да поднесат оставка.

Во низата последни настани кои се надоврзуваат на оваа тема се и неодамнешните закани по животот на Груевски и Мијалков, како и на нивните семејства кои дојдоа од страна на ОНА.

Loading...
Извор: Телевизија 24 Вести