Историски настан: Отсега имате уште едно човеково право

Сподели со своите пријатели

Во понеделникот, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја прогласи заштитата на граѓаните од климатските промени за човеково право.

Loading...

Иако судот одби дел од барањето, климатските активисти се задоволни.

Европскиот суд за човекови права, меѓународен суд составен од судии од 46 земји-членки на Советот на Европа, ја прогласи заштитата на граѓаните од климатските промени за човеково право.

Судот ја образложи одлуката со правото на секое човечко суштество на заштита од климатски катастрофи, кое, според пресудата, се заснова на човековото право на живот, приватност и семејство.

Пресудата значи дека 46 влади на земји со речиси 700 милиони жители на sтариот континент ќе мора да се пресметаат со тужбите од граѓаните поради пропусти или во случај на неактивност во врска со глобалното затоплување на земјата, пренесува Јутарњи.

Судот со седиште во Стразбур донесе историска одлука со која ја прифати тужбата на неколку жени против Швајцарија бидејќи не ги заштитила од „климатските опасности“.

„Пресудата е рецепт за успешно тужење на сопствената влада за неуспехот да се заштити од климатските промени“, коментира Рут Делбаер, правен експерт од американската непрофитна организација Авааз, пренесува Политико.

Судот пресуди во корист на швајцарските тужители, но во исто време ја отфрли тужбата на португалските активисти кои се обидоа да тужат повеќе од 30 земји одеднаш за нивната пасивност во прашањето за климатските промени и уште една тужба од иста природа.

Loading...

Швајцарската асоцијација на постари жени за заштита на климата ја слави својата победа пред Европскиот суд за човекови права.

Правните експерти тврдат дека предметите се отфрлени поради технички грешки.

На португалските активисти им било кажано прво да се обидат во Португалија, а потоа да се вратат во Стразбур, според Политико.

„Судот практично им рече да дојдат повторно“, вели Алберто Алемано, експерт за европско право.

Главната работа во пресудата е што борбата против климатските промени во судовите се пресели од националните судови во трансевропска судска платформа.

Судот за човекови права е меѓународен суд, судски огранок на Советот на Европа, кој ги вклучува земјите од европскиот континент.

Претходните слични случаи беа успешни на нивоа на поединечни држави.

Така, на пример, во 2019 година, холандскиот Врховен суд донесе одлука со која се бара Холандија да ги намали емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.

Loading...

Во 2021 година, францускиот суд ја прогласи владата одговорна за еколошката штета предизвикана од неуспехот на владата да ги исполни целите за намалување на штетните емисии.

Во истата година, германскиот Уставен суд го прогласи законот за климата делумно неуставен бидејќи им става преголем товар на идните генерации да ги намалат емисиите.

Важен случај добија и американските активисти минатата година кога ги тужеа државните агенции на локално ниво дека нивната континуирана употреба на фосилни горива го нарушува правото на „чиста и здрава животна средина“.

Правните експерти нагласуваат дека последната одлука на судот во Стразбур е важна бидејќи дефинира кој има право да поднесе тужба поврзана со климата, какви аргументи може да користи и кого може да тужи.

Се очекува пресудата да биде голем поттик за нови вакви тужби не само во Европа, туку и на глобално ниво.

Во пресудата се наведува какви чекори треба да преземат владите за да се усогласат со новите обврски што им се поставени со одлуката за „човековото право на заштита од климатски промени“.

Меѓу нив има и некои конкретни работи како рокови за постигнување климатска неутралност, насоки како да се постигне тоа и докази дека државата си ја врши работата.

Важно е да се напомене дека една од стратешките цели на Европската Унија е зелената транзиција.

Loading...

Пресудата, секако, е во согласност со фундаменталните европски документи и вредности, меѓу кои се правото на чиста животна средина и заштитата на здравјето и квалитетот на животот на граѓаните.