Истекување на плин од цистерна го затвори железничкиот сообраќај на Табановце

Сподели со своите пријатели

Рано утринава околу 4 часот е блокиран железничкиот сообраќај на Железничката станица – граничен премин Табановце, поради истекување на плин од цистерна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено цистерната со плин влегла од Република македонија во композиција од 16 вагони, од кои шест полни со цистерни плин. Откако било забележано дека една од нив испушта плин поради нарушување на безбедноста е блокиран целокупниот железнички сообраќај.

Сообраќајот се уште не е нормализиран.

 

Loading...