Истанбулска компанија работи на својот прв самоуправувачки автомобил

Сподели со своите пријатели

Компанија АВЛ, чие седиште е во Истанбул, има намера до 2020 да почне со тестирања на својот прв автомобил без возач, објави весникот „Дејли сабах”.

На новото хибридно возило работат турски инженери, а директорот на компанијата, Умут Генч соопшти дека првото претставување на самоуправувачкиот автомобил ќе се случи догодина.

– Целта е таа технологија да биде што подобро прилагодена кон условите на турскиот мегалополис, објаснува Генч.

Истанбул инаку, е познат по густиот сообраќај и невнимателното возење, така што конструкцијата на вакво автономно возило може да биде сериозен предизвик./МИА

Leave a Reply