Испробувал сцена од „50 нијанси сиво“ па пронајден мртов

Сподели со своите пријатели

Еден обожавател на популарната книга „Педесет нијанси сиво“ е пронајден мртов во неговиот дом во Јоркшир, откако случајно се задавил за време на сексуална игра што тргнала наопаку.

Loading...

Филип Вокер (37) бил пронајден мртов од неговата мајка на 5 март оваа година, а истрагата не покажала знаци на насилна смрт.

Брза помош дошла на местото на настанот и го пронашла голото тело со ленти за врзување околу вратот и заклучен катанец за муцка околу гениталиите.

Во близина била пронајдена и книгата „Педесет нијанси сиво“, како и книга во која има порнографски белешки и цртежи што ги создал Вокер за нова секс игра.

– Тие секогаш играа фудбал заедно и одеа на прошетки. Фил беше популарен во училиштето и беше вклучен во изведувачките уметности. Тој имаше опсесија со Лего играчките и ја сакаше стенд-ап комедијата – рекол неговиот помлад брат.

Братот додал дека Фил е неговиот најдобар пријател, повеќе од брат и дека на сите ќе им недостасува. Тој изјавил дека секогаш бил грижлив, а особено ја сакал својата малечка сестра.

Семејството на Фил вели дека тој никогаш не зборувал за неговите сексуални преференции и дека начинот на кој починал ги изненадил.

„Немаше индикации дека тој некогаш се обидел да си го одземе животот“, рекле тие.

Loading...

Заклучено е дека Вокер страдал од еротска асфиксија, што е името на постапка што се заснова на намерно ограничување на протокот на кислород во мозокот со цел да се постигне или засили сексуално задоволство. Неговата смрт била трагична несреќа.

По трагичниот настан во неговата соба, членовите на неговото семејство пронашле бројни секс играчки, кутија со ЦД полна со еротска содржина и неколку празни шишиња лубрикант.

Leave a Reply