ИСПОВЕД: „Маж ми имал двоен живот, покрај со нас, живеел и со друго семејство“

Сподели со своите пријатели

Анонимна 39-годишна Британка со четириесет иедногодишниот сопруг била во брак цели 18 години, а за сите тие години добиле и два сина.

Loading...

Иако сопругот работел во Франција, како семејство тие секогаш добро функционирале, а меѓу нив не недостигала ниту романсата.

Сепак, тој често знаел да биде таинствен, но таа тоа го припишувала на карактерот. Мислела дека е позатворена личност од која може да извлече информации и малку повеќе да се труди да си ги признае чувствата, проблемите и слично.

Сега таа открила дека не е сè прашање на карактер и дека нејзиниот сопруг има мрачна тајна – живеел двоен живот, пренесува „The Sun“.

„Минатата недела се врати од Франција и му помогнав да ги отпакува куферите. Ја ставив раката во една од преградите и најдов мала фотографија во рамка – во неа имаше две момчиња и една жена. Бев многу збунета и веднаш го прашав кој е тоа. Боите на неговото лице се сменија и видов дека не знае што да каже, ниту каде да погледне“.

Тој и признал дека има уште едно семејство во Франција, тоа од фотографијата.

Тој ѝ се извинил и ѝ објаснил дека не можел да и каже бидејќи се плаши да не го остави.

„Ништо не реков, се скршив. Не знаев што да правам”, напишала жената во писмото до психотерапевтот Дејдре, барајќи корисен совет.

Loading...

„Да дознаете такво нешто е страшно, но секоја врска може да излезе од криза, па дури и да биде подобра од порано, само треба и двајцата да работите на тоа. Кажете му на вашиот сопруг дека сте во шок и ви треба помирен разговор. Не трошете ја енергијата за да ги откриете деталите од неговиот втор живот, туку фокусирајте се на разговорот за вашиот брак и врска. Синовите може да бидат повредени од вашето раскинување, а исто така заслужуваат да знаат дека имаат двајца полубраќа – одговорила Дејдре.