Испораките на гас за Австрија се намалени за 70 отсто

Сподели со своите пријатели

Поради почетокот на ремонтот на гасоводот Северен Тек 1, руски Газпром дополнително ја намали испораката на гас за Австрија.

Loading...

Денеска ОМВ добива околу 70 отсто помалку гас од договореното, изјави за агенцијата АПА портпаролот на австрискиот нафтен концерн Андреас Ринофнер.

Во средината на јуни Гаспром веќе ги намали испораките за околу 50 отсто, а сега е спроведено дополнително намалување од 20 отсто.

Ринофнер вели дека е неизвесно дали е можно да се наполни складиштето за гас и дека тоа зависи од дневната потрошувачка, како и од набавката на гас на пазарот.

Австрија главно се снабдува преку гасоводот што минува низ Украина, но министерката за енергетика Леоноре Гевеслер и покрај овој факт веќе изрази очекување дека може да има намалување на испораките за Австрија поради ремонт на Северен тек 1.