Исплатени субвенциите за тутунот

Сподели со своите пријатели

Субвенциите од едно евро за тутунот од минатогодишната реколта се исплатени, а за откупените 25.000 тони, тутунарите добија 25 милиони евра од државата.

Со постигнатата откупна цена и сбувенциите тутунарите остваруваат приход од 4 евра по килограм, што е добра заработка која годинава го зголеми и интересот за производство на тутун.

Вкупно 250 договори за производство и продажба се направи повеќе од однос на минатата година, а во план се да засадат површина од над 700 хектари, што доволно зборува за зголемениот интерес годинава.

Според планираните проекции се очекува на крајот на годинава родот да тежи скоро 26.000 тони.