Испитаниците на ИРИ дадоа одговор на прашањето дали Груевски заслужува нов мандат

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот Републикански Институт на својата веб страна ги објави резултатите од најновото истражување на јавното мислење во Македонија, посветено на начинот и довербата на граѓаните за целосна имплементариција на договорот од Пржино, како и за мислењето на граѓаните за претстојните парламентарни избори.

Loading...

2015-11-19_iris_center_for_insights_pollcitizens_uncertain_about_implementation_of_przino_agreement_1

Во анкетата спроведена од 29 септември до 5 октомври во соработка со агенцијата БРИМА со седиште во Скопје, со случаен примерок од 1.106 граѓани анкетирани преку интервју лице в лице, ИРИ објавува дека 42 проценти од испитаниците се изјасниле за тоа дека Македонија е помалку стабилна држава споредбено со минатата година при што е забележан пад од 16 проценти.

Пеесет и осум насто од испитаниците сметаа дека сиромаштијата и понатаму останува најголем проблем на Македонија како и невработеноста. Ист процент на испитаници смета дека економскиот раст е побитен од демократското владеење, додека 74 проценти би излегле на гласање ако утре се одржат парламентарни избори.

Capture

Што се однесува до имплементацијата на договорот од Прижно, 33 проценти сметаат дека точките од договорот ќе бидат спроведени во целина, 24 не сметаат така, 29 насто не се запознаени со содржината, а 14 насто од испитаниците одбиле да дадат било каков одговор.

Capture

Слични одговори се дадени и на прашањето дали граѓаните сметаат дека Катица Јанева ќе биде во можност да ги процесурира предметите поврзани со аферата прислушување, како и за тоа дали ги имаат ислушано содржините од прислушуваните разговори објавени од СДСМ.

Loading...

Педесет и два  отсто од испитаниците одговориле дека актуелниот премиер Никола Груевски со неговата досегашна работа не заслужил да биде реизбран на позицијата, а 35 отсто на ова прашање одговориле позитивно.

Во споредба со анкетата од јуни, 32 отсто од испитаниците сметале дека Груевски треба да биде реизбран на оваа функција. За 3 отсто се намалил и бројот на испитаниците кои сметаа дека не треба да добие нов мандат.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.