Мејси Каротерс се забавувала со друштвото на ноќно излегување и испила и неколку чаши алкохол повеќе.
За среќа, ништо лошо не се случило, но се случило нешто несекојдневно.
Таа си отишла дома со еден „сувенир“ од излегувањето и преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи.
Додека се враќала дома со своето момче и пријателка Ени, наишла на страчка и почнала да плаче затоа што не сакала да ја остави сама на пат, особено не во текот на ноќта.

Ени снимила се на својот мобилен телефон и објавила на TikTok, а во описот само накратко напишала „Не можам да ја носам никаде“, мислејќи дека Мејси ја засрамува со својата драма за птицата.
Мејси навистина ја однела птицата дома на крајот иако нејзиното момче ја одвраќало од тоа.
Расплакана и пијана легнала со страчката, пренесува Daily Star.
Не се знае што се случило следното утро кога таа се отрезнила, но луѓето масовно пишуваат дека ги насмеала.
Што е најсмешното што сте го направиле вие, под дејство на алкохол?

