Испил 30 чаши алкохол за помалку од минутка само за да не плати сметка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Британски турист успеал да испие дури 30 чаши од пијалокот „Самбуца“ за само 59 секунди, за време на својот летен одмор. На овој чекор се одлучил за да добие бесплатни пијалаци.

На снимката се гледа Крис Мекадамс (20) од Велс кој пие чаша по чаша.

Крис работи половина работно време во Мекдоналдс и тврди дека персоналот во клубот во Грција му рекло дека ако одговори на овој предизвик нема да мора да ја плаќа сметката.

НАРКОТИК ВО СЛУЖБА НА МЕДИЦИНАТА: Со дрога лекуваат трауми од војна

Loading...

Во еден момент во текот на пиењето пијалаци изгледало дека му е мака, но персоналот го потикнува да продолжи.

Крис рекол дека навикнал на силни пијалаци.

– Барменот ми рече дека ако испијам 30 чаши од Самбуцас за 90 секунди, нема да морам да ја плаќам сметката, која беше 25 евра. Потоа се чувствував добро, но дома ми беше многу лошо, вели тој.

Снимката на интернет собра многу критики, затоа што луѓето истакнуваат дека Крис можел да умре од толката количина на алкохол.

Leave a Reply