„Искрин мост“ во очајна состојба, реконструкцијата започнува наскоро

Сподели со своите пријатели

Најголемиот мост во Куманово на магистралата кон Свети Николе, „Искрин мост“ е во очајна состојба и доколку набрзо не се санира ќе претставува закана за безбедноста на возачите.

Loading...

Граѓаните на социјалните мрежи реагираа со фотографии од кои може да се забележи дека реката може да се гледа преку пукнатините на мостот, со што бараат да се преземат итни мерки.

Пукнатина на дел од мосто
(фото: Facebook printscreen)

Санацијата според надлежните се очекува да започне наскоро, проектот е готов и целосната реконструкција ќе чини 2,5 милиони евра.

– Тој е оставен на забот на времето, можеше да се гледа реката Пчиња, ама за жал не преку оградата туку директно од патот , значи тоа ќе се санира, ќе се рехабилитира, рече изминатата недела директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

Како што најави претходно, санацијата на мостот на реката Пчиња, ќе чини 2,5 милиони евра, а проектот за неговата рехабилитација е изработен на Градежниот факултет во Скопје.

Покрај „Иксрин мост“, наскоро треба да започне и рехабилитација на мостот во реката Драгомнаце, кој е оштетен, а спојува многу села во општината Старо Нагоричане.

Loading...

Leave a Reply