Ископан антички штанд за брза храна

Сподели со своите пријатели

Пред Везув да ја разори Помпеја, таму можело да се касне „од нога3 во ресторан украсен со ѕидна слика на морска нимфа. Вршејќи ископувања на овој антички локалитет, археолозите откриле термополиум, т.е. киоск за брза храна каде се служеле напитоци и топли готови јадења.

Loading...

Овој термополиум се наоѓа на крстосница на две исто така неодамна ископани улици: „Алеја на сребрената свадба“ и „Алеја на балконот“ и всушност не е единствен таков локал откриен во Помпеја. Археолозите знаеле за околу 80 различни ресторани, што покажува дека и старите Римјани уживале во вкусна и лесно достапна храна како и современите луѓе.

Поточно, тие ги измислиле уличните тезги на кои денес се продава храна која може да се понесе.

– Иако ваквите објекти се добро познати во Помпеја, откривањето нови заедно со предмети карактеристични за трговија, а со тоа и секојдневниот живот, им помагаат на истражувачите да научат повеќе за секојдневието на овој древен народ, изјавил Алфонсина Русо, привремен директор на Археолошкиот парк Помпеја, институција која го врши оваа истражување.

Ископувањето е дел од проектот „Голема Помпеја“ која открива и проучува слабо истражени подрачја во внатрешноста на градот.

Една интересна слика на ѕидот на термополиумот привлекла внимание на ерхолозите уште при ископувањето. Во прашање е претстава на оскудно облечена нереида која јава коњ со опашка на морска неман. Истражувачите претпоставуваат дека сликата била совевидно лого на ресторан, а намената и била да ги намами муштериите.

На соседниот ѕид се наоѓа и слика на растение и човек кој работи во ресторан, што веројатно била илустрација на забрзан работен ден. На неа може да се видат и амфори налик на оние кои археолозите ги пронашле пред шанкот на термополиумот.

Ерупцијата на вулканот кој на 29 август 79 година ја затрупал Помпеја се смета за една од најголемите катастрофи во човечкат аисторија која однела над 2.000 животи. Новите истражувања укажуваат дека остатокот од население, околу 15.000 до 20.000, успеале да избегнат смрт и дека најверојатно се населиле во блиските градови, како што се Наполи и Кума.

Loading...

Leave a Reply