Ископал тунел за да ја шпионира поранешната сопруга, но се заглавил во него

Сподели со своите пријатели

Цезар Арнолдо Гомез (50) се заглавил вот унелот во кој повремено влегувал за да ја шпионира својата поранешна партнерка и таму останал скоро 24 часа.

Loading...

Наводно тунелот го копал под куќата на својата партнерка Гриселда Сантилан (58) дури недела дена.

Неговата поранешна сопруга подоцна рекла дека слушала чудни звуци од дворот. Го амолила соседот да погледне за што станува збор, а потоа пронашле отвор на тунел, неколку ножеви и шишиња вода.

Малку подлабоко во тунелот бил и Цезар кој таму се заглавил. Од дупката го извлекле спасувачи, а на крајот добил забрана за доближување на својата поранешна жена.

Мексиканската полиција рекла дека Цезар не сакал да излезе од тунелот.

Како што наведуваат странските медиуми, парот бил во брак 14 години, а потоа Гриселда побарала развод затоа што Цезар бил посесивен и многу љубоморен.

Leave a Reply