Ископал човечки череп во градината: Кога дознал чии се коските останал во шок (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Додека садел компири, градинар пронашол човечки череп во својот двор во Русија. Откако ја прашал сопругата дали знае точно за што се работи, таа го запрепастила со својот одговор.

Loading...

Имено, таа му рекла дека тоа се посмртните останки на нејзиниот прв сопруг, кого пред 20 години го претепала до смрт со секира и му ги закопала деловите од телото, пренесува Дејли Мејл.

 

 

По неверојатно откритие во градината на нејзиниот дом во Лужин, Сибир, оваа 60-годишна жена мирно објаснила: „Не грижи се, ова е мојот прв сопруг“.

Таа прво му го признала убиството на партнерот, а потоа побарала од него „повторно да ги закопа посмртните останки, да заборави и ништо да не и кажува на полицијата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се омажија сијамски близначки: Вака изгледа брачниот живот во тројка

 

Loading...

 

Сепак, тој ги игнорирал упатствата и се` и кажал на полицијата. Неговата сопруга признала дека пред 21 година го удрила сопругот со секира при расправија откако „дошол дома пијан и почнал да ја тепа“.

Таа потоа го распарчила неговото тело и го закопала во својата градина. Потоа се преправала дека отишол на работа и никогаш не дошол дома.

 

 

– Жената призна дека го убила сопругот, соопшти Рускиот истражен комитет, кој истражува тешки злосторства. Таа при реконструкцијата на ова злосторство покажала како со секира го распарчила својот сопруг. Полицијата ја ископала градина и ги пронашла коските.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест фрази кои негативно влијаат на емоционалната благосостојба на децата