Исчезната мачка пронајдена по шест години, поминала 2.500 километри

Сподели со своите пријатели

Мачката по име Aшес, која последен пат била видена од сопствениците во американската сојузна држава Мејн во 2015 година, била пронајдена пред неколку дена на Флорида – на речиси 2.500 километри од домот на нејзиното поранешно семејство.

Loading...

 

 

Шест години по исчезнувањето на нејзината мачка, Дениз Кили од Мејн, која како што вели, одамна се помирила со идејата дека таа и нејзината мачка повеќе нема да се видат, добила порака дека Ашес се наоѓа на Флорида.

Како мачката стигнала таму останува и веројатно ќе остане мистерија.

Џенет Вилијамс, пријателка на сопственичката на мачката која живее на Флорида, моментално се грижи за својата миленичка додека Дениз не ја земе.

Сопствениците „подолго време ја барале по нејзиното исчезнување и со жалење заклучиле дека најверојатно станала плен на предатори“.

Loading...

Ашес последен пат е видена во 2015 година, на десеттиот роденден на ќерката на нејзиниот сопственик, во државата Мејн. Оттогаш таа помина практично 2.500 километри, жива и здрава, и пристигна на Флорида, каде беше лоцирана со помош на микрочип.