Исчезнат рибар го пронашле по неколку дена во крокодил

Сподели со своите пријатели

Исчезнат рибар кој ловил со пријателите бил пронајден во крокодил во Австралија.

Loading...

Тој бил искусен рибар и добро познат член на заедницата Кејп Јорк.

Во крокодилот се пронајдени посмртните останки на Австралиец кој исчезнал додека ловел риба со пријателите.

Кевин Дармоди последен пат беше виден во Кенедис Бенд – познато живеалиште на морски крокодили во оддалечениот северен Квинсленд во саботата.

По дводневната потрага на теренот, полицијата еутаназирала два големи крокодили и пронашла делови од човечко тело.

Рибарите кои биле со Дармоди не го виделе самиот напад, но рекле дека го слушнале како вика, по што следел силен прскање.

– Истрчав долу, но немаше трага од него, само неговите апостолки на плажата и ништо друго“, рекол неговиот пријател Џон Пеити.

Посмртните останки сѐ уште не се идентификувани, но полицијата соопшти дека тоа е „трагичен крај“ на потрагата по 65-годишникот, пренесува Би-би-си.

Loading...

Дармоди бил искусен рибар и добро познат член на заедницата Кејп Јорк. Два крокодила се убиени во понеделникот на околу километар и половина од местото каде последен пат бил виден несреќниот рибар.