Ирска ќе ја поддржи Агенцијата за помош за палестинските бегалци со 20 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Ирска денеска објави дека ќе ја поддржи Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) со 20 милиони евра и ги повика земјите кои го прекинаа финансирањето да продолжат и да ја прошират својата поддршка на агенцијата.

Loading...

Во 2023 година, Даблин директно придонел за UNRWA со 18 милиони евра, како дел од придонесот за палестинскиот народ кој изнесувал 36 милиони евра, објави Ројтерс.

„Ги повикувам другите донатори да продолжат и да ја прошират својата поддршка за УНРВА за да може да обезбеди помош за милионите палестински бегалци на кои им е потребна“, изјави ирскиот министер за надворешни работи Мишел Мартин по состанокот со директорот на УНРВА Филипе Лазарини во Даблин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху бил предупреден неколку месеци пред нападот на Хамас на 7 октомври?

Приливот на пари во таа агенција ќе биде негативен следниот месец, а нејзините финансиски проблеми ќе се забрзаат во април, доколку не продолжи финансирањето што го суспендираа многу земји, рече Лазарини, пренесува Танјуг.

„Ќе имаме негативен готовински тек од март, а потоа ќе се забрза во април, освен ако овој замрзнат придонес не биде отклучен“, изјави тој за ирската национална телевизија RTE пред средбата со Мартин, објави „Тајмс оф Израел“.

Неколку земји, вклучително и најголемиот донатор, САД, го суспендираа финансирањето на УНРВА поради наводите дека најмалку 12 работници на агенцијата на ОН активно учествувале во нападот на терористичката група Хамас врз Израел на 7 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху бил предупреден неколку месеци пред нападот на Хамас на 7 октомври?

Додека некои европски земји, како Британија, Германија и Холандија, веднаш по објавувањето на тие тврдења го замрзнаа финансирањето на УНРВА, други, како Шпанија и Португалија, најавија дека ќе ги зголемат средствата што ќе ги доделат на агенцијата на ОН. пишува „Гардијан“.

Минатата недела Шпанија испрати на UNRWA дополнителни 3,5 милиони евра помош, а Португалија најави дополнителен милион евра.

Loading...

Со години, но особено во изминатите неколку месеци, двете земји беа дел од група држави низ Европа кои постојано заземаат различен тон кога станува збор за конфликтот на Блискиот Исток.

„Гадријан“ ја вклучи Ирска меѓу таквите земји, додавајќи дека уште најмалку седум европски земји, вклучувајќи ги Луксембург, Норвешка и Словенија, рекоа дека ќе продолжат со финансирањето на УНРВА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху бил предупреден неколку месеци пред нападот на Хамас на 7 октомври?