Иранскиот претседател: Моралната полиција нема да ги вознемирува жените за задолжилтеното носење хиџаб

Сподели со своите пријатели

Новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан, рече дека моралната полиција повеќе нема да ги вознемирува жените поради носење хиџаб, неколку дена откако ОН предупредија дека жените во земјата сè уште се насилно казнети за кршење на строгиот кодекс на облекување во земјата.

Loading...

На првата конференција што ја одржа по преземањето на функцијата, Пезешкијан одговараше на прашањата на една новинарка која рече дека отишла заобиколен пат до конференцијата за да избегне полициски комбиња, јавува Би-Би-Си.

На прес-конференцијата новинарката носеше шал кој не беше цврсто врзан, па ѝ се гледаше косата, а на прашањето на Пезешкијан дали полицијата се уште е на улица, таа потврди дека е така.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун се закани со нуклеарен одговор ako се наруши суверенитетот на Северна Кореја

„Моралната полиција не треба да се судри со жените. Ќе се погрижам полицијата да не ги вознемирува жените“, рекол претседателот на Иран, пренесе Танјуг.

Неговите изјави беа пренесувани во живо на главните државни телевизии, а снимката од разговорот со новинарот стана вирална.

За време на изборната кампања, Пезешкијан вети дека ќе се спротивстави на полициските патроли кои наметнуваат задолжително носење хиџаб.

Изава Пезешкиана доаѓа на втората годишнина од смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена поради наводно неправилно носење хиџаб, а потоа почина во притвор.

Смртта на Махса Амини предизвика масовни протести во Иран.

Loading...

ОН минатата недела соопштија дека иранската влада оттогаш ги засилила напорите за сузбивање на правата на жените и уништување на активизмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пристанишните работници во САД го прекинаа штрајкот по три дена

Пезешкијан стана претседател откако неговиот претходник Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа и многумина го сметаат за потенцијален реформист.