Иранскиот лидер вели дека Израел ќе добие „шлаканица“ за нападите во Сирија

Сподели со своите пријатели

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во средата изјави дека Израел „ќе добие шлаканица“ откако во воздушен напад врз иранскиот конзуларен дел во Дамаск загинаа седум членови на Револуционерната гарда, од кои двајца генерали.

Loading...

– Поразот на ционистичкиот режим ќе продолжи во Газа и тој режим ќе биде блиску до паѓање и распаѓање, рече Хамнеи во говорот пред иранските власти во Техеран.

– Очајните напори како оние што ги направија во Сирија нема да ги спасат од пораз. Секако дека ќе добијат и шлаканици за таа постапка, додаде тој.

Иранските државни медиуми објавија дека 13 лица загинале во нападот во кој, според амбасадорот на Техеран, израелски авиони Ф-35 истрелале шест проектили кои ја срамниле петкатната конзуларна зграда до амбасадата.

Иран соопшти дека седум членови на Револуционерната гарда биле убиени во нападот, вклучително и двајца команданти на силите Кудс – огранокот за надворешни операции на гардата – бригадниот генерал Мохамад Реза Захеди и Мохамад Хади Хаџи Рахими.

Захеди имаше голем број командни позиции во гардата, каде што помина повеќе од четири децении.

Иранските државни медиуми објавија дека убиените членови на Револуционерната гарда ќе бидат погребани во петок, што е и Денот на Кудс, кога се одржуваат маршеви за поддршка на Палестинците и против Израел. Силите Кудс во превод значат сили во Ерусалим.

Врховниот лидер на Иран, кој го има последниот збор за главните државни политики, ги повика луѓето да излезат на улиците на Денот на Кудс.

Loading...

Тој исто така рече дека се надева на денот кога „муслиманскиот свет ќе може да го слави уништувањето на Израел“.

Израел долго време води војна во сенка на атентати и саботажи против Иран и неговите вооружени сојузници, вклучувајќи го либанскиот Хезболах и другите милитантни групи.

Регионалните тензии се зголемија откако изби војната во Газа, откако Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, изврши напади во Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и земајќи 253 заложници, според израелските податоци.

Оттогаш, најмалку 32.975 луѓе се убиени во израелската офанзива, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.