Иран тестираше вселенска ракета на цврсто гориво

Сподели со своите пријатели

Иран  успешно тестираше вселенска ракета чиј мотор користи цврсто гориво, изјави генералот на Револуционерната гарда, Амир Али Хаџизадех.

Loading...

Ова е поевтина ракета за вселенски летови, но може да подигне помалку товар во орбитата во споредба со ракетите со течно гориво.

Ракетата ја изработи иранската компанија „Зуљахан“ и ќе му овозможи на Иран да продолжи со развојот на својата вселенска програма, пренесе „Спутник“.

„Од сега па натаму Иран ќе може да лансира голем број сателити со помош на евтини мотори“, рече Хаџиадех.

Во претходните две години Иран се потпираше на поскапо течно гориво за лансирање сателити, а сега ќе може да го направи тоа по подобра цена, објасни воениот претставник.

Тој не прецизираше колкави заштеди може да донесе новата ракета, која може да подигне товар од 220 килограми во орбитата.

Ракета со течно гориво може да подигне товар од 350 килограми.