Иран: Тајно погребана тинејџерка убиена за време на протести

Сподели со своите пријатели

Телото на тинејџерката која учествуваше на протестите во Иран и исчезна во септември, беше пронајдено во мртовечница во притворен центар, а откако било предадено на нејзиното семејство, било украдено и тајно закопано, јавува Би-би-си.

Loading...

Ника Шакрами, која живееше во Техеран и во недела ќе наполнеше 17 години, исчезна во септември, а нејзиното семејство беше повикано во саботата да го земе нејзиното тело во мртовечницата во притворниот центар 10 дена подоцна.

Семејството планирало да ја погреба Ника во понеделник, но нејзиното тело било украдено и погребано во село оддалечено околу 40 километри, велат изворите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес донесе закон што може да доведе до крај на ТикТок

Ника, која учествуваше во антивладините демонстрации, исчезна 10 дена по протестите во Техеран на 20 септември, а во нејзината последна порака до пријател рече дека ја бркаат безбедносните сили, изјавија нејзините роднини за Би-Би-Си.

Во септември во Иран избувнаа антивладини протести по смртта на младата Иранка Махса Амини (22), која беше приведена од полицијата за морал.

Амини падна во кома неколку часа откако беше уапсена од полицијата за морал поради наводно кршење на правилата за хиџаб.

Протестите започнаа по нејзиниот погреб, се проширија низ целата земја и станаа најголемите немири видени во земјата во последните години.

Во вторникот, иранскиот претседател Ебрахим Раиси повика на единство против протестите кои продолжуваат да растат, собирајќи ги Иранците и покрај етничките и класните поделби и напорите на властите да ги задушат.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД воведоа санкции за поединци поврзани со иранската Револуционерна гарда

Раиси го повтори официјалниот став на владата дека протестите ги започнале странски провокатори, но призна дека Иранците се лути поради одредени „неуспеси“ на Исламската Република.