Иран се закани со ракетни напади врз Саудиска Арабија и Емирати

Сподели со своите пријатели

Полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс објави видео снимка во која се заканува со ракетни напади на Ријад и Абу Даби, престолнините на Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.

АП оценува дека тоа дополнително ќе ја засили и онака големата напнатост по нападот за време на воената парада во Иран, во кој беа убиени 24 лица, а ранети над 60.

Снимката, која агенцијата ја објави на твитер, а потоа ја избриша, објавена е во време кога врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, ги обвини Ријад и Абу Даби за напад во иранскиот град Ахваз.

Агенцијата не објаснува зошто ја избришала снимкат,а но Ап забележува дека е објавена непосредно пре добраќањето на иранскиот претседател Хасан Рохни пред Генералното собрание на ОН.

Саудиска Арабија ги отфрли обвиненијата за вмешаноста во нападот.

Властите во Иран идентификуваа петмина мажи кои го извеле нападот за време на парадата.

Leave a Reply