Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан денеска за првпат призна дека Иран ѝ испорачувал на Русија дронови, наведувајќи дека овие летала и биле испорачани на Москва пред нападот на Украина.
Амирабдолахиан рече дека Техеран и доставил на Москва ограничен број дронови месеци претходно.
Иранскиот министер рече дека Иран не бил свесен за руската употреба на ирански дронови во нападите врз Украина и го повика Киев да му достави на Техеран докази за тие тврдења.
Ако се докаже дека овие тврдења се вистинити, Иран нема да биде рамнодушен кон ова прашање бидејќи се залага за крај на конфликтот во Украина, рече Амирабдолахиан, пренесе Танјуг.
Иранските власти претходно негираа дека Техеран ѝ доставил на Русија дронови камикази.
Западните земји ја обвинија Русија дека користи дронови камикази од Иран за да ги нападне објектите на енергетската инфраструктура низ Украина.
САД и западните сојузници го повикаа генералниот секретар на Советот за безбедност на ОН, Антонио Гутереш да испита дали Русија користела ирански дронови за да напаѓа цивили во Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.