Иран: Ќе удриме врз Израел каде и да е потребно

Сподели со своите пријатели

Иран остро ќе се спротивстави на Израел „секаде каде што смета дека е потребно“, изјави денеска Исмаил Кани, командант на елитните сили „Кудс“ на Револуционерната гарда на Иран, пренесува Ројтерс според иранската новинска агенција Нур.

Loading...

 

Арестович се заканува со удар на Москва во случај на напад на Киев: „Украина ќе возврати“

 

„Каде и да ја идентификуваме ционистичката закана, силно ќе им се спротивставиме, тие се премногу мали за да се судрат со нас“, рече Кани, чија единица е задолжена за надворешните операции на Револуционерната гарда, пренесува британската агенција.

Иранскиот командант вети дека ќе ја поддржи секоја организација која се бори против „ционистичкиот режим“ и додаде дека „уништувањето на овој режим се повеќе напредува“.

 

Голем метеорит падна во близина на Осло: Граѓаните во шок (ВИДЕО)

Loading...

 

Техеран пукаше во март, како што ги нарече „тајни израелски бази“ за време на ракетен напад врз Ербил, главниот град на курдскиот регион во северен Ирак, како одмазда за израелските воздушни напади во кои загинаа ирански воен персонал во Сирија.