Иран ќе одговори на санкциите на Европската унија

Сподели со своите пријатели

Иранските власти денеска остро ги критикуваа новите санкции воведени од Европската унија (ЕУ) и додадоа дека го задржуваат правото да одговорат на нив, пренесе агенцијата Ирна.

Loading...

„Со својата навика да воведува санкции, ЕУ ја губи секаква рационалност и сериозност. Со тој погрешен пристап, Европа го намалува опсегот на своите односи“, изјави портпаролот на иранската дипломатија, Насер Канани.

Според неговите зборови, Иран ќе одговори „на ефикасен и силен начин“ на „неконструктивните акции на Европа“.

Во понеделникот, ЕУ воведе санкции за група од 29 ирански претставници, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Ахмад Вахиди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Санкции беа воведени и против некои институции како што е државната Прес ТВ, обвинета за емитување „присилни признанија“ на приведените по задушувањето на протестите.

Протестите во Иран беа започнати на 16 септември, денот кога Махса Амини (22) почина во болница, каде што беше ставена во тешка состојба откако беше уапсена на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“ и непочитување на строгиот кодекс на облекување на жените во Иран.

Демонстрациите подоцна се претворија во движење против иранските верски власти.

Според податоците на невладините, во задушувањето на тие протести загинале повеќе од 300 луѓе.

Loading...