Иран и Русија разговараа за актуелните безбедносни прашања

Сподели со своите пријатели

Секретарите на Советот за безбедност на Русија и Иран, Николај Патрушев и Али Шамкани денеска во Техеран разговараа за ситуацијата во Украина, безбедносната соработка и мерките за борба против „западното мешање“ во нивните внатрешни работи, пренесува РИА Новости.

Loading...

Имаше и размена на мислења за голем број меѓународни прашања, вклучително и за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток, се наведува во соопштението на Советот за безбедност на Русија.

Се додава дека темата на разговорот била „областа на безбедноста на информациите, како и мерките за спречување на мешањето на западните разузнавачки служби во внатрешните работи на двете земји“.

Претходно беше соопштено дека секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев денеска допатува во Иран на редовни руско-ирански безбедносни консултации, на кои учествуваат експерти од советите за безбедност на двете земји.