Иран го повика Киев заеднички да ги истражат тврдењата за дронови

Сподели со своите пријатели

Техеран го поканува Киев да одржи заеднички состанок на експерти за да ги истражат извештаите дека ирански дронови учествувале во војната во Украина, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани.

Loading...

– Емотивните изрази и неоснованите обвинувања не помагаат да се реши украинската криза. Наместо да упатуваат неосновани поплаки до Иран, властите на Украина мора да одговорат на нашиот конструктивен предлог за одржување билатерален експертски состанок за да се испита документот во кој се тврди дека во Украина биле користени ирански беспилотни летала – додаде Канани, пишува ТАС С, пренесува Танјуг.

Во последните недели Украина и западните земји ја обвинија Русија дека користи ирански камикази дронови во нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, што Москва и Техеран го отфрлаат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.