Голем скандал изби во Иран откако во јавноста се појави видео на висок владин функционер, кој е задолжен за промовирање на исламските вредности, како има секс со друг маж!
Во прашање е Реза Сагати, шеф за култура и исламски вредности во северната провинција Гилан.
Двојни аршини
Како што јавува Би-Би-Си, идентитетот на двајцата мажи од видеото не е потврден, ниту нејзината автентичност, но и покрај ова, властите во Техеран го суспендираа Реза Сагати.
Иран е исламска земја каде хомосексуалноста е забранета со закон под закана со смрт, а членовите на ЛГБТ заедницата се соочуваат со постојана злоупотреба, малтретирање, насилство и закани.
На социјалните мрежи се споделува компромитирачко видео во кое наводно се појавува Реза Сагати.
По неговото разрешување, надлежните демантираа дека видеото има некаква врска со тоа.
– Пред објавувањето на видеото, не добивме поплаки за господинот Сагати во негативен контекст – изјави иранскиот министер за култура Мохамад Мехди Есмаили.
Сепак, критичарите на иранскиот режим забележаа како третманот на високи функционери обвинети за злосторства се разликува од членовите на ЛГБТ заедницата или жените кои не носат хиџаб.
Токму смртта на младата жена, која почина неколку дена откако беше претепана од полицијата за морал, започна голем бран протести во Иран.
Властите одговорија со уште построга репресија и апсење на учесниците во демонстрациите.
Сега властите првично не признаа дека видеото е причината за смената на службеникот.
Сомнителна грешка
Меѓутоа, во соопштението од 22 јули, Секретаријатот за култура и промоција на исламските вредности наведува „сомнителна грешка“ на директорот во провинцијата Гилан.
– Случајот е проследен до судските органи на внимателно разгледување, а јавноста е предупредена да не го користи видеото за слабеење на културниот фронт на Исламската револуција – се наведува во соопштението.
Спорното видео беше првото што на својот канал Телеграм го објави медиумската група Радио Гилан, која е поврзана со конзервативните власти во Техеран.
Главниот уредник Пејман Бехбуди рече дека ќе продолжат да откриваат „корупција меѓу претставниците на режимот“.