Иран: 16 загинати во судар на камион и минибус

Сподели со своите пријатели

Најмалку 16 лица загинаа во судир на камион и минибус што превезувал работници во југозападен Иран, јавува АП повикувајќи се на локалните медиуми.

Loading...

Во несреќата се повредени осум патници, кои итно се пренесени во локалните болници.

Несреќата се случила во провинцијата Кузестан, меѓу градовите Шуштар и Дезфул.

Иран е една од земјите со најголем број загинати во сообраќајни несреќи, а околу 17.000 луѓе годишно гинат во несреќи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ го осуди лансирањето на севернокорејската ракета

Причините за тоа најчесто се непочитување на сообраќајните прописи, небезбедни возила и несоодветни служби за итни случаи.