По повеќе од три години воени операции, Ирак денеска објави дека борбата против Исламската држава е завршена, бидејќи безбедносните сили ги потиснале екстремистите од сите територии кои претходно ги држеле под контрола.
Сепак, и ирачките и американските служби предупредуваат дека и покрај победата на воено поле и натаму остануваат клучните предизвици.
Џихадисти учеле 2-годишно дете да сече глави: Во заробеништво го тренирале да стане убиец
Loading...
Победата над Исламската држава ја прогласи премиерот Хајдер ел Абади, во обраќање до нацијата преку националната телевизија.
– Почитувани Ирачани, вашата земја е целосно ослободена. Сонот за ослободување стана реалност. Победивме во тешки околности и со божја помош, непоколебливоста на нашиот народ и херојството на нашите сили, порача Абади.
Абади истакна дека ирачкото знаме денеска се виори над сите ирачки територии и на најодалечената точка на границата.
Исповед на џихадистичка робинка: Детето ми го готвеа на сонце
По обраќањето на премиерот, неговата канцеларија објави дека недела ќе биде празник за да се прослави победата.
Ирачките сили денеска го расчистија и полседните територии на Исламската држава, во пустините и западните делови на земјата, со што е обезбедена границата со Сирија, пренесува АП.
По тој повод се обрати и командантот на ирачката војска, Абдул-Амир Рашид Јар Алах, кој вели дека безбедносните сили во целост ја контролираат меѓународната ирачко-сириска граница.
САД честитаа на ирачкиот надор и храбрите безбедносни сили на Ирак, каде се загубени многу животи херојски боерјќи се против Исламската држава.
Путин: ИСИС ја финансираат 40 држави, меѓу нив има и членки од Г20 (видео)
АП укажува, дека ирачката влада и натаму се соочува со значителни безбедносни закани, економска криза и голема задача за обнова на територијата разорена во борбите против екстремистите.
Борците на Исламската држава во летото 2014. година прегазија скоро третина од територијата на Ирак, вклучувајќи го и Мосул, вториот по големина град во Ирак, како и Тикрит, главен град на централната провинција Салахудин.
Следната година, под нивна контрола падна и Рамади, главниот град на провинцијата Анбар.