iPhone 8 – најрадикални промени на дизајнот досега? (фото)

Сподели со своите пријатели

Новиот модел на iPhone ќе биде посјаен од било кога, ако се верува на шпекулациите и добро известените извори од компанијата „Ејпл“.

Наводно, позадината на моделот iPhone 8 ќе има форма на огледало, тврди Бенџамин Гескин кој ја објавил и оваа фотографија. Сепак, тој тврди дека тоа е само еден од четирите изгледи кои ќе бидат понудени на купувачите.

Овие информации доаѓаат откако познатиот аналитичар на компанијата Минг Чи Куо рече дека цената на новиот модел најмногу ќе влијае на редизајнот на зигледот на телефонот. Намерата е новиот телефон да се издвои од моделот 7s кој ќе биде претставен истиот ден.

Компанијата, iPhone 8 ќе го претстави кон крајот на оваа година, најверојатно кога и ќе се подобри верзијата на седумката. Се смета дека осумката ќе има најрадикална промена на дизајнот до сега, нов изглед на екранот, изглед на камера, недостаток на „Home“ копчето…

https://twitter.com/VenyaGeskin1/status/883739622861414401?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Ftehnopolis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2017%26mm%3D07%26nav_id%3D1281384

Loading...