„Гугл“ е американска мултинационална корпорација специјализирана за интернет сервисите како производи. „Гугл“ е основан од Лари Пејџ и Сергеј Брин додека се уште биле на докторските студии на Универзитетот Станфорд.
Денес, двајцата партнери поседуваат околу 14% од вкупните акции, но контролираат 56% од гласачката моќ низ т.н. „супергласачки залихи“.
Лари и Сергеј со „Гугл“ започнале како со истражувачки проект во јануари 1996 година. Додека „Гугл“ каок претприемачка компанија е основана на седми септември 1998 година.
Во продолжение следуваат повеќе интересни факти за најголемата светска компанија.
„Гугл“ требало да се нарекува „Backrub“
Зборот „Гугл“ доаѓа од погрешно изговореното име Гоогол Пејџ и Брин кои биле приморани да го изменат овој поим, затоа што тој домен на интернет веќе бил земен и по неколку комбинации „Гугл“ им звучело интересно и привлечно.
Основачите се обиделе да го продадат „Гугл“ во 1999 година за милион долари, но биле одбиени.