Интензивно се уредува излетничкото место Студена вода во кумановско Доброшане

Сподели со своите пријатели

Интензивно се  уредува  излетничкото место, локалитет „Студена Вода“ во близина на  кумановско Доброшане, соопштија денеска од секторот за комунални дејности од општина Куманово.

Loading...

За уредувањето на локалитетот Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот рaзвој одвои  8. 168. 000, а општина Куманово 3.160.000 денари. Градежните активности на терен ги спроведува фирмата „Ибро Комерц“ од Куманово која го доби тендерот информираше помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.

Ова место кое често го посетуваат спортистите и рекреативците наскоро ќе биде  опремено со соодветна опрема која одговара за излетнички места.  Локалитетот партерно ќе биде уреден, со места за одмор,  предвидено е да има детски катчиња, осветлување и стражарска служба. Местото кое се наоѓа на пет километри од центарот на Куманово  ќе има и соодветна урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи, реквизити за спорт и рекреација, хортикултурно ќе биде уреден. Воедно, ќе биде реконструирана и чешмата како и пристапниот пат, а  ќе има паркинг места за посетителите.

Секторите за урбанизам, за локален економски развој и комунална инфраструктура, предминатата година подготвија апликација до Министерството за земјоделството, односно до Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерката која се однесува на зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини, односно за  уредување на излетнички места во рурални средини.

МИА

Leave a Reply