Интел го купува израелскиот производител на чипови за шест милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Една од најголемите светски технолошки компании, американската Интел, објави дека ќе го купи израелскиот производител на чипови Tower Semiconductor за речиси 6 милијарди долари, велејќи дека планира да ја искористи единствената можност во услови на моментална глобална побарувачка за полупроводници, според The ​​Wall Street Journal.

Loading...

Израелската компанија произведува чипови за автомобили, медицински сензори и електрични системи, а Интел треба да помогне во обидот да ја загрози водечката позиција на тајванскиот TSMC, најголемиот производител на чипови во светот, пренесува Фена.

 

 

„Портфолиото на специјализирана технологија и географски досег на Tower Semiconductor ќе му помогне на Интел да ги прошири своите услуги за производство на чипови и да ни овозможи да се приближиме до нашата цел за позиција на производство на чипови со висок капацитет ширум светот“, рече извршниот директор на Интел, Пат Гелсинџер.

Барана стока

Чиповите се многу барани во последно време, особено во автомобилскиот сектор, додека производителите на електроника успеаја да соберат доволно залихи, така што сегашниот недостиг помалку ги погодува.

Loading...

 

 

Интел во јануари годинава објави дека ќе инвестира 100 милијарди долари во изградба на комплекс за производство на чипови во американската сојузна држава Охајо, што треба уште еднаш да ја обезбеди својата доминација во производството на чипови и да ја ублажи зависноста на САД од азиските погони.

Американската компанија работи во Израел речиси 50 години и е еден од нејзините водечки добавувачи. Стекнувањето на Tower Semiconductor е наменето да се финансира од добивка, а преземањето беше едногласно одобрено од одборите на директори на двете компании.