Инстаграм со проблеми во функционирањето ширум светот

Сподели со своите пријатели

Популарната апликација за фотографии на Фејсбук падна низ целиот свет.

Loading...

По неколку часа, од Фејсбук беше објавено дека техничките проблеми се решени.

Корисниците ширум светот денес имаа проблеми со Инстаграм.

Повеќе од 6.000 корисници допладне пријавија проблеми на DownDetector, а корисниците своите фрустрации и лутина ги искажаа на Твитер под хаштагот #InstagramDown.

Фејсбук за Њузвик изјави дека „техничкото прашање што предизвика некои корисници да имаат проблеми со пристапот до Инстаграм е решено“.

„Го решивме проблемот и се извинуваме за непријатностите“, рече технолошкиот гигант.