Инстаграм ѕвезда обвинета дека ја убила мајка си и ѝ го извадила срцето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ана Леиковиќ (21) од Молдавија, студент по медицина и Инстаграм ѕвезда е обвинета за убиство на нејзината мајка откако двете се вратиле од Германија каде што работеле.

Loading...

Обвинителството тврди дека Ана, откако ја убила нејзината мајка, се истуширала, ја измила крвавата облека и се сретнала со своето момче, пишува весникот „Комсомолскаја правда“ и носи страшни детали за злосторството.

Ана ја избола мајка си Прасковија со кујнски нож. Таа наводно земала дрога. Нејзината мајка најмила помош за да ја извлече од пеколот на дрогата, но кога го слушнала тоа, Ана полудела.

Зела кујнски нож и ја прободела нејзината мајка која паднала на земја.

Додека несреќната жена била уште жива, ќерката почнала да ја сече и ѝ го извадила срцето.

Медиумите јавуваат дека девојката е студена и без емоции, таа го слушала почетокот на дискусијата за убиството.

Кога била изнесена од судницата, еден од новинарите ја прашал дали ја осакатила и убила својата мајка. Ана одговорила само кратко: „Збогум, ха, ха, ха“.

Нејзиното морничаво смеење изби низ судницата. Полицијата објави дека Ана е главниот осомничен и дека нема други осомничени.

Loading...

Вујкото на Ана, Владимир, вели дека семејството било прекрасно.

– Прасковија многу ја сакаше својата ќерка, помина многу време со неа. На полицијата и требаа два часа да ми каже дека Ана е осомничена за нејзиното убиство – рече чичко ѝ Владимир.

 

https://youtu.be/Bxb5A7mZdZg

Leave a Reply