Инспекторите во Куманово за шест дена собраа близу 400 илјади денари

Сподели со своите пријатели
Како што информира Државниот пазарен инспекторат, во периодот од 10 до 16 август, од страна на ДПИ,  извршени се вкупно 529 надзорни контроли, и тоа во Охрид, Штип, Гостивар, Струга и Куманово.
Во горенаведениот период, Државниот пазарен инспекторат – Одделение Куманово има издадено еден  платен налог во износ  од  153.750 денари   за  правното  лице  и  61.500 денари за  одговорното  лице  во правното лице  по Закон за  градежни производи
Во истиот период, издаден  е еден платен налог во  износ  од  123.000 денари за  правното  лице  и  36.900 денари  по Закон за  угостителска дејност.