Инспекторите на ДПИ за пет дена ги ”покосија” фирмите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во рок од пет дена, односно од  06 до 10 јули,  од страна на Државниот пазарен инспекторат, на територија на Битола, Струмица, Охрид, Струмица, Гостивар и Тетово, извршени се вкупно 885 надзорни контроли, информира ДПИ во неделниот извештај за спроведени активности на терен.
Во споменатиот период, на ниво на ДПИ Одделение Куманово, издадени  се  два  платни  налози  по Закон за  трговски друштва во износ  од  30.750,денари,  издаден  е  еден  платен налог  во износ  од  123.000 денари за  правното  лице  и  30.750 денари  за  одговорното  лице  во правното  лице  по Закон за  угостителската дејност.
Извршена  е една  постапка за  порамнување  по  Закон за  енергетика  во износ  од  350.550 денари, една постапка за  порамнување  по Закон  за  угостителска дејност  во износ  од  153.750 денари, една постапка за  порамнување  по Закон  за  заштита  од  пушењето   во износ  од  153.750 денари и издаден  е  еден  платен налог  во износ  од  184.500,оо денари за  правното  лице  и 123.000,оо денари  по Закон за метрологија.
ДПИ Одделение Куманово издаде и еден  платен налог  во износ  од   30.750 денари  по  Закон  за  трговија,  две решенија  за привремена  забрана  во  траење  од  по 30  дена  по  Закон за  угостителска дејност, едно решение за  привремена забрана во траење  од  10  десет дена  по  Закон за  угостителска  дејност и кај еден правен субјект, издадено е едно решение  за привремена  забрана во траење од   15 дена  по  Закон  за  заштита на  пушењето.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.