Инспектор во СВР Куманово сам преземал мерки за расчистување кривични дела

Сподели со своите пријатели

Инспектор за прифат – сменоводител во ПСОН Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци.

Loading...

Според неделниот извештај за поведени дисциплински постапки, сменоводителот од Полициската станица за општа надлежност Куманово, започнал со преземање на мерки за расчистување на пријавени кривични дела, но за истите не ги информирал претпоставените старешини.

На полицаец во ПС – Пелинце, РЦ за ГР – Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци, откако не извршил проверка на лица и возило кои биле предмет на потрага и истите оствариле „излез“ од РМ.

Leave a Reply