Информација за прекин на сообраќајот поради снимање на францускиот филм

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од АМСМ, според информација добиена од “Мануфактура продукција”, днеска, снимањето на филмот „A fond“ ќе се одвива на делницата од “Mотел Mакедонија” до Градско во временски интервал од 05:00 до 18:00 часот и сообраќајот ќе се пренасочува од стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација.

Loading...

АМСМ препорачува и внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози, а на македонската страна од граничните премини нема големи задржувања за влез и излез од земјата, додаваат од АМСМ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.