Стапката на инфлација во Германија се зголеми на десет проценти во септември, достигнувајќи ново највисоко ниво откако статистичкиот завод располага со споредливи податоци, поттикнати од забрзаниот раст на цените на енергијата и храната.
Во август стапката на инфлација изнесуваше 7,9 отсто, пренесува SEEbiz.
Проценката за септември го покажува најсилниот раст на цените од 1996 година и почетокот на споредливите податоци.
Цените на енергенсите во септември се повисоки за 43,9 отсто во однос на истиот месец лани.
Во август се зголемени за 35,6 отсто.
Забрзан е и растот на цените на храната, на 18,7 отсто, од 16,6 отсто во август.
На месечно ниво, потрошувачките цени во септември пораснале за 1,9 отсто, по 0,3 отсто раст во август.
Статистичарите укажуваат на значително зголемување на цените на енергијата од почетокот на војната во Украина и „надпросечно“ зголемување на цените на храната, што тие го поврзуваат со зголемувањето на цените на производителите од 22,3 отсто во прехранбениот сектор.
Статистичарите го издвојуваат укинувањето на надоместоците за гориво и месечните билети за јавен превоз и континуираните прекини во синџирите на снабдување поради пандемијата на коронавирус.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.