Инфлацијата во Данска во мај највисока во последните девет месеци

Сподели со своите пријатели

Годишната стапка на инфлација во Данска се зголеми во мај од 0,8 отсто во април на 2,2 отсто, објави денеска данскиот институт за статистика (ДСТ).

Loading...

Инфлацијата во Данска сега е највисока во последните девет месеци.

Цените на транспортот во Данска во мај се зголемени за 1,8 отсто на годишно ниво, како и цените на облеката и обувките за 1 отсто и станбените и комуналните услуги за 3,8 отсто, што во сите наведени случаи претставува забрзување на растот во однос на претходниот месец.

Како што се наведува, мај цените во областа на рекреацијата и културата се зголемени за три отсто, а храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за 0,7 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Севкупно, цените на услугите во Данска се зголемени за 3,2 отсто на годишно ниво, а цените на стоките за еден отсто, пренесува Танјуг.

Годишната стапка на базичната инфлација во Данска благо порасна во мај од 1,5 отсто во април на 1,6 отсто. На месечна основа, цените во Данска стагнираа во однос на април.