Инфлацијата во Аргентина надмина 100 отсто

Сподели со своите пријатели

Стапката на инфлација во Аргентина е повеќе од 100 проценти, што се случи за прв пат по хиперинфлацијата во земјата во 90-тите.

Loading...

Аргентина банкротираше во 2001 година.

Како што соопшти статистичката агенција на земјава, стапката на инфлација е 102,5 отсто, што значи дека цените на стоките и услугите се двојно повисоки во однос на претходната година.

Аргентина со години има економски проблеми, поради што поголемиот дел од населението живее во сиромаштија.

Властите се обидуваат да го запрат растот на цените со нивно ограничување, пренесува SEEbiz.

Сепак, драстично се зголемуваат цените на храната и пијалоците. Во февруари цените пораснале за 9,8 отсто во однос на претходниот месец.

Аргентинските медиуми објавија дека цената на месото пораснала за речиси 20 отсто за еден месец.

Весникот Амбито објави дека неповолните временски услови, продолжениот топлотен бран и сушата сериозно се одразиле врз сточарството и земјоделството, пренесува Би-би-си.

Loading...

Во оваа земја одамна се чувствува висока инфлација.

Во септември минатата година имаше протести со барање да се ограничи растот на цените.

Централната банка соопшти дека ќе биде издадена банкнота во нова апоенска вредност од две илјади пезоси, што е одговор на поскапувањето.

Владата долго време се обидуваше да ја ублажи инфлацијата, но политичките поделби ја загрозија економијата.

Минатото лето за еден месец беа сменети тројца министри за економија.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ додели на оваа земја уште шест милијарди долари за спас на економијата.

Тоа беше последната исплата во 30-месечната програма за помош, која на крајот се очекува да изнесува вкупно 44 милијарди долари.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...