Индустриски хемикалии пронајдени во сирупот од кој починаа 200 деца во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Утврдено е дека лековите сирупи за кашлица, за кои индонезиските власти се сомневаат дека предизвикале смрт на повеќе од 200 деца во земјата, содржат индустриски хемикалии кои една индонезиска компанија им ги продавала на фабриките како фармацевтски производи, соопшти полицијата на земјата.

Loading...

Полицијата соопшти дека две состојки, етилен гликол и диетилен гликол, биле пронајдени во некои сирупи базирани на парацетамол, што довело до акутна бубрежна инсуфициенција кај многу деца, пренесува Ројтерс.

Овие две состојки се користат во антифриз, течности за сопирачки и други индустриски хемикалии, но и како поевтина алтернатива во некои фармацевтски производи на глицеринот, кој е растворувач или згуснувач во многу сирупи против кашлица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Тие можат да бидат токсични и може да доведат до откажување на бубрезите. Висок претставник на индонезиската полиција им изјави на новинарите дека властите откриле дека CV Samudera Chemical продавала „индустриски“ хемикалии како што е пропилен гликол од фармацевтска класа и ги доставува до дистрибутери на локални производители на лекови.

Полицијата ги уапсила и ги обвинила функционерите на компанијата „Самудера“ и нејзиниот дистрибутер „CV Anugrah Perdana Gemilang“, соопшти функционерот.

Тој додава дека во продолжение на истрагата може да бидат осомничени и други лица. Ројтерс не можеше веднаш да контактира со претставниците на CV Samudera Cemical или CV Anugrah Perdana Gemilang.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела повика на „итна и усогласена акција за заштита на децата од контаминирани лекови по околу 300 смртни случаи во Гамбија, Узбекистан и Индонезија поврзани со сирупите за кашлица“.