Индонезиски учител осуден на смрт: Силувал 13 девојчиња, некои останале и бремени

Сподели со своите пријатели

Индонезискиот суд во понеделникот го осуди на смрт сопственикот на исламски интернат обвинет за силување на 13 малолетни ученички, од кои некои останале бремени.

Loading...

Тој беше осуден на доживотен затвор во февруари, но обвинителството поднесе жалба на одлуката, јавува Си-Ен-Ен.

Судот во Бандунг на островот Јава го прогласи Хери Вираван (36) за виновен за силување девојчиња на возраст од 11 до 16 години во период од пет години.

 

Генералштаб на Украина: Русија се подготвува за напад на источна Украина

 

Осум девојчиња забремениле

Вираван предавал арапски јазик во основно училиште, а потоа во 2016 година основал интернат за девојчиња во Бандунг и привлекувал ученици од сиромашни семејства.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ова се гледа еднаш во 100 години!“: Кина погодена од застрашувачки поплави! (ВИДЕО)

Јавноста конечно дозна што се случува во училиштето кога една од жртвите се вратила бремена кај своето семејство.

Поради него осум девојчиња останале бремени, од кои едната два пати. Тие се породиле во локална клиника, а потоа за децата се грижеле родителите и сестрите на Вираван.

 

Пјонгјанг ќе ја гаѓа Јужна Кореја со нуклеарно оружје доколку биде нападнат

 

„Некои од нив чувствувале дека му должат благодарност“

Судот утврдил дека Вираван ги изолирал своите жртви од нивните семејства, им давал сигурност и удобност и со тоа станале зависни од него, пренесува Њујорк Тајмс.

– Беа премногу млади за да сфатат што се случува. Некои од нив дури и чувствуваа дека му должат благодарност – изјавија судиите.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила!

За време на заведувањето, Вираван прво ги замолил девојките за масажа, а потоа им рекол дека не може да има секс со сопругата бидејќи таа не сака да има многу деца.

На девојчињата им рекол дека мора да ги слушаат учителите, а ако не се послушни, ќе им ја искине облеката.

Кога една од нив му рекла дека е бремена, тој ѝ рекол да не абортира бидејќи тој ќе се грижи за бебето. Тој ветил дека ќе плати за школување на некои девојчиња, а во еден случај ѝ рекол на жртвата дека ќе се ожени со неа.