Индонезија: Бројот на загинати во земјотресот се искачи на 271

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во земјотресот што во понеделникот го погоди индонезискиот остров Јава се искачи на 271, додека 40 лица се водат како исчезнати, соопшти денеска Националната агенција за вонредни ситуации, пренесува Ројтерс.

Loading...

Шефот на агенцијата, генерал-мајор Сухарјанто, кој како и многу Индонезијци има само едно име, им изјави на новинарите дека уште 1.083 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот попладне ја погоди областа во близина на градот Цианџур.

Познато е и дека 377 лица се тешко повредени, околу 600 помалку, додека бројот на раселените надмина 13.000, пренесе АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Претседателот Џоко Видодо го посети епицентарот на земјотресот во градот Чианџур и им нареди на спасувачките тимови да дадат приоритет на спасувањето на луѓето затрупани под урнатините и итно да дејствуваат во областите каде што се предизвикани одрони.