Индиската морнарица спаси два брода од сомалиски пирати

Сподели со своите пријатели

Индиската морнарица спаси два ирански рибарски чамци кои беа киднапирани од пирати од Сомалија за еден ден, соопшти во вторникот индиското Министерство за одбрана.

Loading...

Вчера патролниот брод „ИНС Сумитра“ спаси 17 ирански членови на екипажот кои побегнаа со чамец од рибарскиот брод „Ал Наеми“ на кој, како што соопшти индиското Министерство, за време на спасувачката акција во јужното Арапско Море биле забележани околу 11 пирати.

Подоцна, INS Sumitra одговори на уште еден повик за помош за ослободување на 19 пакистански државјани на друг брод, се вели во соопштението на индиското Министерство за одбрана.

Од 2017 година, пиратите од Сомалија не успеаја да извршат успешно киднапирање на брод, се до декември минатата година кога го зазедоа „МВ Руан“ што пловеше под знамето на Малта.

Како што пишува Ројтерс, можно е сомалиските пирати да ја искористуваат моменталната нестабилност во Црвеното Море поради нападите на јеменските Хути врз комерцијални бродови.

Акциите на сомалиските пирати го достигнаа својот врв околу 2011 година, кога поради нив светската економија забележа загуби од околу 7 милијарди долари годишно.

Со цел да се намали заканата од пирати од Сомалија во Индискиот Океан, подоцна беа воведени меѓународни поморски патроли и вооружени приватни стражари.