11.11.2015 00:46

Индијка родила бебе џин – тежи 6,7 килограми (видео)


За оние кои се фалат како биле напредни при раѓањето па имале „толку и толку килограми“, една вест од Индија. Како деветто дете во семејството Катун роден е вистински џин.

Огромно момче од 6,7 килограми родила една Индијка и така стана горда мајка на најголемото бебе во историјата на земјата.

loading...

Бебето и мајката се добри, иако момчето на почетокот имал респираторни проблеми, но сепак се очекува од болница да излезе за пет дена.

Фирдус Катун на свето донела син со огромни димензии и тоа без никакви компликации при породувањето по природен пат.

Лекарите во болницата во утар Прадешу потврдиле дека „титанското дете“ е најтешкото бебе некогаш родено во историјата на Индија и самото породување го прогласиле за чудо.

Лекарката Анјана Гупта

Тоа чудно дете, во својата работа од 21 година никогаш немам видено новороденче да биде толку големо. Неверојатно е и покрај големината, излезе лесно, само на неколку секунди се заглави на рамениците, но за три минути беше во рацете на својата мајка – вели лекарката која ја породила мајката, Анјана Гупта.

Фиродус, која е тешка просеќни 76 килограми, претходно осум пати се породувала дома, но сега морала да оди во болница и тоа само половина час пред породувањето.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments