ИНДИЈА: Уморен тигар влегол да дремне во една куќа

Сподели со своите пријатели

Една тигрица која поради неодамнешните поплави во Индија избегала од Националниот парк во провинцијата Асам, пронајдена е како се одмора во кревет во една приватна куќа.

Loading...

Се претпоставува дека избегала од Националниот парк Казиранга, каде 92 животни починале претходните денови поради поплави, пренесува ВВС.

Ова момче за миленик има тигар од 170 килограми (ВИДЕО)

Откако била откриена, властите и група која се занимава со заштита на диви животни, ја извеле тигрицата од куќата и ја насочиле кон џунглата.

Како што се наведува, таа откако избегала од Националниот парк првин била забележана на патот одалечен 200 метри од резерватот, но се претпоставува дека ја вознемирил сообраќајот и дека избегала, а дека засолниште пронашла во куќата крај автопатот.

Сибирски тигар – заштитен вид или вреден бизнис?

Сопственикот на куќата со семејството избегал откако ја забележал дека влегува во домот.

Како што рекле властите, тигрицата во куќата влегла околу 07:30 наутро по локално време, каде спиела цел ден.

Loading...

– Таа била многу исцрпена и убаво дремнала во текот на денот. Најдобро е што никој не ја вознемирил додека спиела и дека можела да се одмори, рекол тој додавајќи дека во таа област многу се почитуваат дивите животни.

Тигар му изел половина лице: По 23 години за прв пат ја покажува другата страна од ликот (фото+видео)

Сопственикот на куќата рекол дека ќе ја сочува постелнината на која спиела тигрицата.

Во националниот парк Казиранга живеат 110 тигри, но ниту еден не страдал за време на неодамнешните поплави.

Image by Rudy and Peter Skitterians from Pixabay

Leave a Reply